мк / srp / sh / en
Производи и услуги > Теписи - рачна изработка

Исфахан

Исфахан – е град лоциран во централен Иран (Персија) и има традиција на престолнина затоа што многу династии го користеле како центар на нивното владеење. Многу нации, вклучувајќи ги Монголите и Селџуците, оставиле своја трага во овој 5.000 години стар град. Во 16-иот и 17-иот век, Исфахан го доживува својот врв и бил сметан за "рај на уметноста и убавината".

Ткаењето на теписи во Исфахан е вековна традиција, а таму се направени некои од највредните експонати кои имаат преку 10.000 јазли на дециметар квадратен за чија изработка биле употребени златни и сребрени конци.

На моделите Исфахан, доминираат белата, кремавата или светло сината боја. Понекогаш се употребуваат до 15 бои за да се направи контраст, а се појавува и црвена боја. Преовладуваат слики на птици и цвеќиња (најчесто ружи). Во центарот има медаљон кој ретко се повторува. Основата на тепихот и бордурите се јасно одвоени.

Исфахан теписите се многу ценети и популарни и се сметаат за добра инвестиција. Најчесто имаат од 200.000 до 1.000.000 јазли на метар квадратен, што претставува гаранција за одличен квалитет.