Производи и услуги > Теписи - рачна изработка
Габе
Габе – се теписи за кои се мисли дека немаат изразени бои туку се прават исклучиво од нефарбани влакна т.е. се користат природните бои на материјалите. Сепак, многу Габе теписи се фарбани со живописни бои. Овој тип е еден од најприфатените персиски теписи во западниот свет. Жените почнале да ги бојадисуваат Габе теписите, за да ги изразат своите чувства. Вака бојадисани, Габе теписите имаат многу привлечни и јаки бои каде што основните се црвена, зелена, жолта и сина и се особено прифатени и во западната култура.