мк / srp / sh / en
Производи и услуги > Теписи - рачна изработка

Бахтијар

Бахтијар – е центар за ткаење теписи кој се наоѓа северо-источно од Исфахан. Станува збор за номадско племе кое го има започнато ткаењето во регионот. Денес, овој тип на теписи доаѓаат од регионот Загрос. Постојат и околни места каде се произведуваат теписи со малку понизок квалитет како што се Бибибаф, Саман и Хори.

Овие теписи се прават со многу различни бои вклучувајќи ја белата, бојата на слонова коска, различни нијанси на црвена, кафена, зелена и жолта, а поретко и сина.

Најчести шари на овие теписи се квадрати исполнети со цветни мотиви со иста прецизност како Исфахан теписите. Постојат големи отстапувања во квалитетот. Некои теписи се сметаат за теписи за широка потрошувачка, додека, други спаѓаат во ремек дела. Некои примероци имаат од 1.000.000 до 1.500.000 јазли на метар квадратен.