мк / srp / sh / en
Сé за рачната изработка

Историјата на рачната изработка

Вистината за тоа како се изработуваат овие уметнички дела се пренесувала од колено на колено низ генерации на мајстори додека дизајнот, боите кои се користат и материјалите најмногу зависат од регионот во кој се изработува тепихот.
Како основа при изработка на персиски теписи се користи волна, кашмир, памук или свила а во посебни околности се користат златни или сребрени нишки. Бројот на чворовите варира од 100.000 до преку 1.500.000 на метар квадратен.