Најчести прашања
Која е разликата помеѓу тепих и ќилим?
Тепихот се работи по шема и шарите имаат одреден распоред. Ќилимот кој исто така се смеета за номадски тепих, нема правило како ќе биде изработен, туку, мајсторот кој го прави го изработува по сопствена желба и расположение. Тепихот не зависи од расположението на мајсторот кој го прави, туку, строго од скицата по која се работи, додека кај ќилимот е обратно.
Како да препознаам рачна од машинска изработка?
Доколку ја погледнете позадината на тепихот кој е рачно изработен ќе го видите истиот цртеж како на предната страна во многу бледа нијанса. Кај машинскиот тепих, ќе видите груб материјал на кој не може да се види јасно шарата од тепихот.
Колку јазли има персискиот тепих?
Јазлите на метар квадратен варираат од тепих до тепих. Кај машинските теписи бројот на јазли се движи до 500.000 јазли на метар квадратен, додека рачните можат да имаат и повеќе. Кога бирате машински тепих мора да знаете дека, за да се направи еден јазол, иглата на машината мора да направи два убода , поточно, ако тепихот има 500.000 јазли на метар квадратен, ќе има еден милион убоди. Ова честопати не е добро објаснето или е неразбирливо и купецот може да дојде во заблуда. Кај рачно изработените теписи бројот на чворови секогаш е јасен.
Дали персиските теписи секогаш се длабоки и удобни за газење?
Верувањето дека персиските теписи треба да се длабоки и удобни за газење е мит. Највредните персиски теписи се тенки, со над 1.000.000 јазли на метар квадратен во голем процент изработени од свила. Волнените теписи се во најголем дел рачна изработка со помалку јазли или машинска изработка, кои го даваат чувството на удобност при газењето и имаат помала вредност и краток рок на употреба.
Како правилно да се перат персиските теписи?
Еден од најважните моменти во одржувањето на тепихот од што зависи сјајот на тепихот и самата трајност е начинот на перење. Најдобро е да се смука со правосмукалка и ништо друго да не се прави. Доколку, сепак е потребно перење, тоа никако не смеете да го направите сами. Може да се случи некои конци да пуштат боја и тепихот да се уништи. Процесот пред перењето е да се провери дали тепихот пушта боја или не и потоа се одлучува како ќе се пере. Ова, Персеполис го нуди како услуга за вашите персиски теписи.
Дали е потребно сервисирање на теписите и каде може тоа да се направи?
Теписите од рачна изработка, со текот на времето имаат потреба за сервисирање. Тоа е најчесто потребно за ресите кои можат да се оштетат како и за краевите на тепихот кои можат да ја изгубат правата линија кога се гледа целиот тепих. Персеполис еднаш годишно во Белград и Скопје нуди сервисирање на рачно изработени теписи од страна на мајстор за рачна изработка од Иран.
Колку траат теписите?
Врвните теписи рачно изработени можат да се користат над 100 години, ако правилно се оддржуваат. Практично, со газењето со текот на времето „легнува„ и ја постигнува својата идеална состојба.
Дали е мудро да се купуваат стари (користени) персиски теписи?
Во Иран (Персија) постојат специјализирани дуќани каде се продаваат персиски теписи стари од 20 години нагоре и истите имаат најголема вредност. Од време навреме е потребен сервис за ресите кои можат да се оштетат со текот на времето додека самиот тепих не губи, ниту на квалитет, ниту на сјај.
Кои се највредни теписи?
Највредни се рачно изработени теписи со голем процент на свила во шарите кои се изработени на свилена основа. Нивната вредност се зголемува со текот на времето. Одредени модели чинат над 1.000 евра за метар квадратен.
Каде е Персија?
Персија се наоѓала на територијата на денешен Иран. Најголемиот дел од населението во Иран се Персијци и се говори персиски Јазик.